Ново кинеско чудо: Научниците создале Вештачко Сонце чие јадро е 7 пати потопло и достигнува температура од 100 милиони степени

288

инеските научници наводно дошле до револуционерен напредок во потрагата за фузијска технологија. Во потрага за чист извор на енергија тие успеале да направат “вештачко Сонце” на нуклеарен погон.

Во реакторот EAST, научниците успеале да загреат водород во внатрешноста на “вештачкото Сонце” на температура повисока од 100 милиони степени Целзиусови во моментот кога се создава плазма.

Температурите во внатрешноста на постројувањето EAST се всушност околу седум пати потопли отколку во центарот на Сонцето, каде притисокот на гравитацијата овозможува процес на фузија.

Од Институтот за физика на плазмата, при Академијата за наука во Кина, соопштено е дека се тестира оваа направа во облик на прстен како би го репродуцирале процесот во центарот на ѕвездите, од каде настанува огромна количина енергија.

На Земјата се потребни екстремни температури за да се произведе нуклеарна фузија, при која две јадра се спојуваат и формираат потешко јадро со ослободување на енергија. Самиот процес ослободува многу топлина и енергија, што е видливо со голо око секој пат кога ќе ја погледнеме светлата ѕвезда на темното небо.

Она што е спротивно од фузија е процесот на фисија или распаѓање на атомите кои се создаваат кога јадрата на атомот се распаѓаат во верижна реакција. Исто така, ослободува огромни количини енергија, но за разлика од фузијата, фисијата остава и големи количини радиоактивен и опасен отпад.

Тоа е една од причините зошто научниците ширум светот брзаат да смислат сигурен и самоуверен начин за произведување и создавање услови потребни за нуклеарна фузија, која еден ден во светот би можела да обезбеди неограничена количина чиста енергија.

Успехот на EAST е голем чекор кон таа цел. Но, потребни се уште многу детални истражувања. Додека ова им даде можност да видат како се однесува “вештачкото Сонце” и кои услови се потребни за фузија, сфатиле дека знаат многу малку за тоа како се однесува плазмата при такви температури, и тоа е само една од низата на пререки со кои ќе се соочат додека да го остварат планот за чиста и неограничена енергија.

Покрај тоа, мора да пронајдат доволно гориво за да создадат такви услови, да обезбедат стабилност во реакторот и потоа цела таа комплицирана технологија да ја направат комерцијално исплатлива.