NBA колумна на Димитар Младеновски-Како се сруши “кралството” од Сакраменто (ВИДЕО)

1368

Еден од најомилените тимови во декадата 2000-2010. Еден од најголемите фаворити за тронот. Најубавата кошрака за око.

Состав предводен од Крис Вебер, кој во тоа време беше легитимен MVP кандидат. Искуството, лидерството и мудроста на големиот Владе Дивац. Дефанзивно ориентираниот Даг Кристи, кој беше профил на играч кој би го посакал секој сериозен тим. Пеџа Стојакович, еден од најубиствените шутери кој до сега се појавиле на кошаркарските терени. Стабилен плеј со челични нерви – Мајк Биби.На оваа стартна петорка беше придодена клупа на резервни играчи кој од година во година трпеше промени но секогаш делуваше солидно (Хидо Туркоглу, Боби Џексон, Скот Полард, Џералд Волис). “Кингс” играа атомски брза и исклучително ефикасна кошарка, во време кога немаше толку вртоглаво високи резултати (во поглед на постигнати поени по меч).

Во ова видео детално се објаснува како “кралевите” од големи фаворити дојдоа до дното.
Кој беа причините за сето тоа?
Лошите одлуки на судиите во плеј-офот, повредите на клучните играчи, нетрпението, недостаток на среќа?
Навистина жално е што тимот на Сакраменто не успеа да стигне во големото финале и да се бори за шампионскиот пехар. Долги години важеа за главни фаворити, а никогаш не стигнаа до посакуваната цел.
Во прилог следува нивната приказна. “Кралската гарда”, милениците на огромен број кошаркарски фанови ширум Светот.
Еден од најдобрите тимови кој не ја освои NBA титулата.

NBA FAN

Димитар Младеновски