NBA колумна на Димитар Младеновски – Ѕверот од Mount Vernon (ВИДЕО)

192

Ценатар од речиси 130 килограми со игра на бек. Агилност, брзина и ефикасност. Напорна работа и непоштедна борба. All Star играчот на Detroit Pistons, Andre Drummond. Во моментов најпосакуваниот играч во NBA, како и име кое најмногу се споменува како кандидат да ја промени средината. “Скокачка машина” или пак “Големиот пингвин” како епитети ги доби со својата налик мирна но експлозивно ефикасна игра на двата краја на теренот. Веќе е NBA ветеран со 8 годишно професионално искуство. Не е за чудење, бидејќи во најсилната кошаркарска лига влезе со неполни 18 години. “Dre” е во најзрелата фаза на својота атлетска кариера. Застрашувачки делува фактот дека, трикратниот најдобар скокач на првенството, има само 26 години. До сега со гордост го носеше дресот на “Pistons”-и, и секогаш изјавувал дека е подготвен во тимот кој започна да направи конкурент, и до крај да го носи истиот дрес. Секојдневно кружат најразлични информации околу тоа дека неговите денови во главниот град на државата Michigan се избројани.

Слабиот прв дел на сезоната на Detroit Pistons донесе многу прашања. По тешката повреда на нивниот прв стрелец Blake Griffin, не помогна ниту одличната игра на Drummond и препоредениот Derrick Rose. Andre во моментов ја има статистички најдобрата сезона во кариерата со 17,5 постигнати поени. На добар пат е по четврти пат да биде најдобар скокач во NBA, бидејќи, засега прединечи со речиси 16 по натпревар. Родениот Њу Јорчанец продолжува со одлични игри секоја ноќ, иако тимскиот успех, за жал тоа не го покажува. “Клиповите” се наоѓаат на чекор до playoff-от, но скорот од 15 победи и дури, 27 порази делува страшно разочарувачки. Останува да видиме што ке се случи набрзо, а до тогаш уживајте со најубавите моменти од оваа сезона во изведба на “Dre”. Најдоброто од “Ѕверот од Mount Vernon”.

NBA FAN

Димитар Младеновски