Своевремено, Роналдо во 2009 година со преминот од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид за 94 милиони евра постави рекорд кој одамна е надминат.
Португалецот во моментот игра за Јувентус, а пред неколку дена ги коментираше случувањата во денешниот фудбал и големите суми кои клубовите ги трошат за купување на нови фудбалери.
Пред се тука се премиерлигашките, а во преден план Манчестер Јунајтед.
„Ова денес е тешко е да се прави вистински проценки во фудбал. Индустријата е различна од порано и сега повеќе се плаќа потенцијалот на еден фудбалер. Сега може да се платат до 100 милиони евра за некој играч, дури и ако тој не покажал ништо во досегашната кариера. Денес во фудбалот има повеќе пари. Централниот дефанзивец и голман може да чини 70 или 80 милиони евра. Не се согласувам со ова, но таков е светот во кој сега живееме, а вие мора да го почитувате“, изјави Роналдо.
Инаку Кристијано пред две лета од Реал Мадрид се пресели во Јувентус за 100 милиони евра.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















