Неодамна пишувавме за Dwight Howard и неговото враќање во “градот на ангелите”. Голем предизвик за секој кошаркар е да го облече златно-пурпурниот дрес, уште повеќе ако веќе еднаш бил дел на тимот од Холивуд. Oва е еден нов Dwight Howard и по негови зборови едвај чека да им се оддолжи на навивачите на Lakers-и.
Можеби еден од најпотценетите потези на тимовите ова лето е потпишувањето на Dwight Howard како слободен играч во L.A. Lakers. Позади него е една многу несреќна сезона, полна со повреди и пехови. Како играч на Washington Wizards лани одигра само 9 натпревари и цела сезона се мачеше. Вестите кој стигаат преку океанот се повеќе од ветувачки. Toj е во одлична форма и нема никакви болки во грбот кој долго време му претставуваше непремостлива препрека да покаже што знае. Кога ке се присетиме каков играч беше, 8 кратен All Star и 3 кратен најдобар дефанзивец, лесно се заборава дека кога е здрав и подготвен тој може да даде одличен придонес за тимот кој настапува. По применувањето на јога и промената во начинот на исхрана, повеќе од видливи се промените кај него. Делува далеку по смирен, стабилен а и мудроста доаѓа рака по рака со искуството и годините.
Доколку се погледнат бројките во изминатите сезони, забележливо е дека Dwight Howard е многу повеќе критикуван од она што го заслужува. Последната сезона која (реално) беше здрав и подготвен да придонесе како што знае и умее, беше сезона 2017-2018 во Шарлот. Како играч на “стршлените” тој одигра 81 (од можни 82) натпревари со висока минутажа и постигна double-double ефект со просек од над 16 поени и 12 скокови. Кога ке се додаде на тоа и дека кошарката која се игра во иминатите години најмалку му одговараше нему, поради брзото темпо и постојаните удари за 3 поени, просекот на Howard е повеќе од солиден. По катастрофалната сезона во која го носеше дресот на Lakers (2012-2013) тој секогаш изјавувал дека доколку некогаш добие шанса би сакал да им се оддолжи на навивачите во L.A. Конечно добива шанса, сезоната која следува тоа и да го стори. Во прилог видео од првото интервју на Dwight Howard страо-новиот дрес.
Димитар Младеновски