Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Руте

598

Поради посетата на генералниот секретар на НАТО Марк Руте, денеска во централното подрачје на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.