Кошаркарите на Чикаго уште еднаш докажаа дека сезонава се повеќе од сериозен тим.Во натпревар на кој беше многу неизвесно (и во кој гостите константно беа во минус) одиграа одлична последна четвртина, и успеаја да го добијат натпреварот со Бостон на гостински терен.
“Булси” во текот на целиот меч беа во негатива. При крајот на третата четвртина, “селтикси” имаа и неверојатни 19 поени предност, а во финишот на истиот гостите намалија и во последната четвртина Бостон влезе со предност од +14. Меѓутоа во последниот дел од мечот, Чикаго одигра фантастично. Повторно проработе динамичниот напад на “ветровитиот град” и последната четвртина ја доби со неверојатни 39:11. Со леснотија ја стопија предноста а потоа го превземаа темпото за висок и убедлив гостински триумф. Конечни 128-114 за биковите.
Најефикасен на мечот беше Демар Дерозан со 37 поени, следен од бековскиот партнер Зек Лавин кој постигна 26 поени и 7 асистенции. Солидна игра пружија и новиот плејмејкер, Лонзо Бол кој постигна 12 а црногорскиот репрезентативец, Никола Вучевич имаше дабл-дабл учинок сочинет од 11 поени и 10 скокови. Посебно пријатно изненадување претставуваше учинокот на дебитантот, Ајо Досумну кој максимално ги искористи 20-те минути поминати во игра и реализира 14 поени.
На спротивната страна, залудни беа 28 постигнати поени на All-Star крилото, Џејлен Браун. Со новиот триумф Чикаго ја завзема водечката позиција во Источната конференција, со скор 6-1. Бостон има разочарувачки почеток на новот првенство со сооднос на победи и порази 2-5 со кој се наоѓаар на 12-тата позиција на табелата.
NBA FAN
Димитар Младеновски