„Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност.
Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук оставка, но не ја достави со допис до Парламентот. Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност. СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени. Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев е човек кој не држи до сопствениот збор. Дали на повидок е уште една голема лага на Зоран Заев? И дали Заев нема да си опстои и на ова свое ветување? Дали на овој начин ќе избега од одговорност за бруталните злоупотреби, изборни нерегуларности и притисоци? Доста е со поигрување со волјата на граѓаните. Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана. Системот на Заев е поразен. Време е за промени“, додаде тој.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















