Велат дека годините, односно возрасната разлика на партнерите, нема врска со љувота, а токму по ова непишано правило се водеше и познатата холивудска брачна двојка.
Кетрин Зета Џонс и Мајкл Дагас изгледа ќе го направат она во кое ретко кој се сомневаше по толку години поминати заедно. Тие наводно се разведуваат и тоа поради голема разлика во годините, наведуваат странските медиуми.
Тие двајца се во брак 20 години, а се зборува дека Мајкл смета дека на сопругата ѝ станал здодевен.
„Љубовта која еден кон друг ја чувствувале со години изгледа дека повеќе не е доволна за бракот да опстои. Како главна причина за несогласувањата, предизвикана од годините, е тоа што актерот дошол до фаза во животот кога наводно сака да се смири и да го успори темпото на живот. Од друга страна, 25 години помладата Кетрин и понатаму има доста сила и многу амбициозно ја гради својата филмска кариера“, рекол изворот.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















