Научници оживуваат животно старо 42 илјади години: Ледот во Сибир го сочувал фосилот со кој ќе се клонира одамна изумрениот праисториски вид

0
246

Научниците се убедени дека ќе успеат да извадат клетки од 42 илјади години стар фосил на ждребе, кое е изумрен вид, со цел да го клонираат и да го вратат во живот.

Овој обид да се обнови одамна изумрена врста на коњ би помогнала и во подоцнежните обиди за оживување на џиновскиот волнен мамут.

Ова лесно ждребе, старо најмногу две недели кога угинало, е сочувано во речиси совршена состојба во сибирскиот пермафрост – состојба на вечен снег и лед – цели 42.170 години, тврдат научниците.

По повеќемесечната интензивна работа на смрзнатиот коњ, заедничкиот истражувачки тим од Русија и Јужна Кореја е оптимистичен дека ќе дојде до клетките потребни за клонирање на примерокот од видот Ленскаја кој изумрел пред околу 4 илјади години.

“Истражувачите се сигурни во успехот на проектот, обидите ќе траат до крајот на април”, изјавил извор од Североисточниот федерален универзитет во Јакутск, најстудениот град на светот кој е домаќин на овој проект, пренесува “Siberian Times”.

Нивниот проект, како што велат, е толку сигурен што тие веќе ја одбираат мајката која ќе ја има историската улога во раѓање на ждребето на изумрениот коњ.

“За првпат, обидот за клонирање најверојатно ќе користи корејски коњ за сурогат мајка. За клонирање веќе некое време се користи овој вид и технологијата е совладана до совршенство”, изјавила докторката на проектот Лена Григорјева.

Д-р Сејмон Григорјев, водечки истражувач во музејот на мамути во Јакутск изјавил дека состојбата во која е пронајдена ова ждребе дава надеж за овој проект.

“За среќа, мускулните ткива на животното се неоштетени и добро сочувани, така што успеавме да добиеме примероци од овој единствен пронајдок за биотехнолошки истражувања”, изјавил Сејмон.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here