Пред точно седум години, на 12 април 2012 година, се случи петкратното убиство кај Смилковското езеро кога беа убиени четири момчиња, како и 45-годишниот Борче Стевковски додека ловеле риба крај езерото.
Загинаа момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани – Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски.
Во врска со овој случај беше отворен судкиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Сепак, Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење.
За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници, а од Министерството за правда и натму чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од Косово.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















