Агатангел: На македонскиот народ му се нудат лицемерни решенија за самоукинување

0
270

Значењето на охридската архиепископија е огромно и непроценливо, преку нејзината вековна мисија, македонскиот народ го зачувал својот јазик и својата идентитетска посебност. Но и после толку поминати години, за жал сеништата од минатото повторно се појавуваат и го вознемируваат македонското битие – ова е дел од Словото кое го одржа митрполитот Повардарски по повод 60 годишниот јубилеј од обновата на Охридската архиепископија. Владиката Агатангел се осврна на премрежјата со кои се соочува нашата држава, и македонскиот народ, доведени во ситуација да се борат за уставното име на татковината.

– Денес не само што се одрекува македонската црковна автокефалност,туку се негира и македонскиот национален идентитет,а се загрозува и опстојот на македонската држава.Преку перфидни предлози и лицемерни решенија му се нуди на македонскиот народ самоукинување и автогеноцид. Овие современи Понтиј Пилати и апостоли на немирот, надоградени со заслепувачка безумна омраза и високото мислење на себе, со години ја пеплосуваат македонската душа, го вознемируваат и разединуваат народот по сите основи – изјави  г. Агатангел-Митрополит Повардарски.

Но, според него,  македонскиот народ е умен, трпелив и сталожен, ги знае своите потреби и интереси, донесува правилни одлуки тогаш кога се загрозува неговото достоинство и неговото право на живот и постоење.

– Во охридската архиепископија пред повеќе од еден милиниум се удриле темелите врз кои се градел целиот напредок и сиот духовен развој на православниот народ во древна Македонија, затоа годинава,  ја прославуваме илјада годишнината од нејзиното формирање – додаде тој.

Малку народи како нас, Македоннците во светот имаат можност да прославуваат вакви јубилеи и значајни историски настани.Ова е историски настан, а не како што ни навестуваат некои. Токму Охридската архиепископија е потврда за древноста на македонскиот народ и неговата цивилизација која на Европа во наследство и оставила огромни и бесценети духовни вредности – заврши владиката Агатангел.

Инаку делегатите на Архиепископскиот Црковно народен Собор изгласаа резолуција за неменување на името на Македонската православна црква. Членовите на Соборот упатија и апел до сите политички субјекти во земјава за одговорен пристап во овој исклучително компексен и полн со предизвици период за нашата татковина, со препорака да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и се што е македонско. Да не се менува Уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here