Кофеинот е добро познат лек за стимулирање на нервниот систем, а кога ќе влезе во телото, кофеинот го зголемува срцевиот и крвниот притисок, го зголемува нивото на енергија и го подобрува расположението. Тој делува многу брзо, а многумина забележуваат ефекти во рок од една минута. Ефектите траат додека телото сосема не го апсорбира лекот, а тоа траење зависи од неколку фактори.
Секоја личност тие ефекти ги чувствува на различен начин, а некои можат да траат подолго од останатите. Бремените жени или личностите кои имаат потешкотии со спиењето треба да бидат попретпазливи во одредувањето на времето за внесување на кофеин.
Кога ефектот е најсилен?
Најсилен ефект од кофеинот имате од 15 до 45 минути откако ќе го консумирате. Всушност, кофеинот многу брзо се апсорбира во црниот дроб. Поголемиот број на луѓе забележуваат најсилни ефекти во овој период, а многумина кажуваат дека се чувствуваат нервозно, дека им се мокри или дека имаат изненадни напливи на силна енергија. Овие симптоми главно исчезнуваат кога кофеинот ќе започне да се апсорбира.
Дали личноста може да стане интолерантна на кофеин?
Како што телото станува отпорно на лекови, луѓето кои редовно консумираат кофеин едвај можат да забележат ефекти. Меѓутоа, за некој кој е многу чувствителен на кофеин ефектите можат да траат само неколку часа или до следниот ден.
Колку долго траат ефектите на кофеинот?
Нема временско ограничување за делување на кофеинот. Траењето на ефектот од лекот зависи од дозите и од личните фактори, вклучувајќи старост, телесна тежина и колку личноста е чувствителна на кофеин.