Само ова овошје може да ви го зајакне имунитетот во секунда и да ве ослободи од главоболките

491

Намирницата која е вистинско богатство ќе го зацврсти вашето здравје за кратко време. Шумските јагоди, без оглед на тоа дали станува збор за листот или плодот, се одличен народен лек за обична главоболка, мигрена и серија на други заболувања.

Јагодите го зајакнуваат вашиот имунолошки систем па затоа треба да ги јадете во текот на нивната сезона на растење.

Консумирањето на шумски јагоди и јагоди од вашата градина, особено доколку се одгледувани органски се препорачуваат заради многуте мачнини кои човекот ги има.

Дури и главоболката може да исчезне доколку наместо таблети посегнете по јагоди.

Ова вкусно овошје исто така е многу корисно за здравјето на срцето, зајакнување на имунитетот и подобрување на видот.

Во народната медицина се користи и чај од листовите на јагодата како лек против дигестивните нарушувања, егземи, воспаление на градите, грип, болка во коските. За тие нарушувања најдобри се листови од шумска јагода кои се собираат во текот на времето кога тие цветаат односно пред да се создадат плодовите.

Тие може да помогнат и после оздравувањето од болеста за зајакнување на имунитетот, кај болестите на жолчката и џигерот, како превенција на желудочни болести, артритис и реума.

Се користат и во лекување на анемија, кај зголемен холестерол и крвен притисок.