Убавата русокоса неодамна ја поврзаа со актерот Бред Пит. Шарлиз Терон, актерка од Јужна Африка позната е како самохрана мајка на две посвоени деца. Неодамна медиумите ја поврзаа со колегата Бред Пит, но потоа таа го демантираше ова тврдење.
Од врската со славниот Шон Пен, Шарлиз е сама, а сега открива дека е отворена за нова љубовна врска и изјави како изгледа нејзиниот идеален маж.
„Мојот идеален маж треба да знае да ме насмее и да има брада“ – изјавила Шарлиз.

„Веќе со години сум сама. Некој мора да направи чекор. Изненадувачки сум достапна. Почнав да се отворам на емотивен план за да ја пронајдам љубовта на мојот живот“ – открила 43-годишната актерка.

Шарлиз во текот на 2015-та година ја прекина долгогодишната врска со актерот Шон Пен (58) и после тоа се посвети на одгледување на двете посвоени деца, Џексон(7) и Огуст (3).
Претходно во текот на оваа година, Шарлиз откри дека нејзиниот син Џексон изјавил дека не е момче па затоа одлучила да го одгледува како девојче.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















