Таткото на славниот актер бил платен у*иец, осуден на две доживотни казни, а сега добива серија

892

За талентите на актерот Вуди Харелсон се пишува со години, но малку кој знае дека неговиот татко Чарлс Харелсон е осуден на две доживотни казни за убиство на судијата Џон Вуд Помладиот. Сега Нетфликс ќе сними серија за овој платен убиец и коцкар.

Инаку, Чарлс во 1979-та година е осуден на две доживотни казни за убиство на судијата Џон Вуд Помладиот, а пред тоа го поврзувале со низа убиства. Бил поврзан и со подземјето, па постоел сомнеж дека работел како платен убиец.

Во врска со криминалното подземје веројатно дошол кога се собрале коцкарските долгови, поради што брзо морал да дојде и до големи парични износи, а не се грижел премногу за начинот на кој ќе ги заработи.

Наводно за убиството на судијата добил 250.000 долари. Чарлс Харелсон го убил судијата во мај 1979-та година, и тоа бил првиот атентат на федерален судија во САД. Тогашниот претседател на државата Џими Картер убиството го окарактеризирал како “напад на судството”.

Со уште двајца затвореници Чарлс се обидел да побегне од затворот, но биле фатени и после тоа префрлени во построг затвор, каде во 2007-ма година на 70 години починал од срцев удар. Сите овие настани ќе најдат место во документарната серија, а голем дел од неговиот живот, како што наведува “Metro”, бил објавен со доза на мистерија.

Чарлс во една прилика кажал дека е вмешан во убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Во овој документарец прифатиле да се појават браќата на Вуди, Бред и Џордан. Иако не се знае дали ќе учествува и славниот актер, тој во една прилики има кажано дека нема проблем да зборува за својот татко.

Во далечната 1988-ма година, во интервју за People рекол дека татко му не учествувал многу во неговото воспитување, а во затвор го посетувале еднаш годишно.

“Можеби ќе звучи чудно, бидејќи зборувам за осудуван убиец, но мојот татко беше еден од најелоквентните, најначитани и најшармантни луѓе кои ги познавам. На него гледам повеќе како на некој што би можел да ми биде пријател, отколку на некој што ми е татко”, рекол Вуди Харелсон.