Македонската мисица продолжува со успесите: Кристина Димитриевска се закити со титулата „Прво лице на Балканот“

101

Македонскиот модел и мисица Кристина Димитриевска не престанува да ниже успеси на  професионално поле, па и во време на пандемија на коронвирус продолжува да се закитува со награди.

Имено, деновиве во „Хармонија евент центар“ во Белград се одржа изборот на „Лице на Балконот“.

На изборот за убавина учествуваа вкупно 20 девојки, а титули добија и три Македонки од модното студио „Црнокрак“.

Македонската мисица Кристина Димитриевска доби титула за „Прво лице на Балканот.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/МИКИЦРОНКРАК

Ивана Маневска доби награда за најшармантно лице, а титулата за најфотогенично лице на Балканот отиде во рацете на Михаела Тошинова.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/МИКИЦРНОКРАК

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/МИКИЦРНОКРАК

Со овој нов успех Кристина се пофали на социјалните мрежи, а под објавата се нижеа честитки и пофалби како за новата тутула, така и за постигнатиот успех.

Потсетуваме, Димитриевска во мај оваа година ја доби титулата „најубавата девојка од карантинот“, а претходната година се закити со титулата „Мис на Балканот“ и „Мис фотогеничност“.

View this post on Instagram

PRVO LICE BALKANA 2020👑

A post shared by MISS BALKAN 2019 👑 (@kristina.dimitry) on