Енис Барди на мета на премиерлигашот Њукасл

96

Македонскиот фудбалски репрезентивец Енис Барди е на мета на англискиот премиерлигаш Њукасл, пренесуваат британските медиуми. На Стив Брус и повеќе од потребен му е фудбалер со квалитетите на Барди, па затоа со сите сили ќе тргне по негово ангажирање во зимскиот преоден рок.

Според англиските медиуми Њукасл во јануари ќе го доведе Барди на позајмица, со задолжително откупување на договорот на крајот на сезоната. Вредноста на Македонецот на пазарот е 20 милиони евра, сума која поради кризата предизвикана од пандемијата е многу потребна на Леванте.

Барди се врати на тренинзите на Леванте по повредата на грбот која ја заработи непосредно пред бараж натпреварот за пласман на Европското првенство кој Македонија го играш со Грузија.