Најмалку 17 лица настрадаа во бура во САД

814

Во несреќа на туристички брод што се преврте за време на бура во САД загинаа 17 лица, соопштија властите.

Нуркачите денеска ги пронашле телата на последните четири исчезнати лица.

Бродот со кој се превезувале 31 лице се преврте синоќа на езеро во сојузната држава Мисури. Истражителите истакнаа дека причина за несреќата биле лошите временски услови и ветрот што дувал со брзина од 105 километри на час. Според наводи на очевидците, бурата почнала изненадно.