Теоретичар на заговори тврди: Ова е доказ дека вонземјаните постојат (ВИДЕО)

578

На социјалните мрежи се појави видео направено на непозната локација во САД, на кое се гледа голем портокалов предмет во форма на диск врзан за задниот дел од камионот.

Еден од теоретичарите на заговор што се занимава со прашањето за вонземјани тврди дека станува збор за товар на неидентификуван летечки објект (НЛО) кој доаѓа од вонземјани.

Бидејќи снимката е направена со телефон, квалитетот е слаб и не може со сигурност да се утврди за што станува збор, но најверојатно станува збор за срушен шатор или тенда, пишува Експрес.

Но, „ловецот на вонземјани“ Скот Воринг верува дека знае за што станува збор.

„Еве една интересна снимка на приколка и камион кои имаат помали проблеми со НЛО што излегло од рамнотежа“, напишал Воринг и додал дека секако станува збор за предмет на вонземјаните што тие им го дале на американската војска и сега се пренесува на безбедно место за да се тестира.

Без никакви докази, тој наведува дека леталото безбедно ќе биде однесено во областа 51, легендарната американска воена база, за која многу теоретичари на заговор сметаат дека крие докази за постоењето на вонземјани и нивната технологија, па дури и дека самите вонземјани се таму.

„Без разлика дали станува збор за размена или НЛО-то само се се срушило, тоа сигурно сега ќе биде преместено во воена база, најверојатно во областа 51“, рече Ворнинг.