Православната црква и верниците денеска го слават Свети Никола, еден од најпочитуваните христијански светци и заштитник на најголем број домови во Македонија.
Свети Никола, познат и како Свети Никола Чудотворец бил епископ во Мала Азија, во денешен Туск. Живеел во 4 век и бил познат по тоа што тајно на луѓето им давал пари, не очекувајќи ништо за возврат. Денеска се почитува како светител и чудотворец во целиот христијански свет.
На Свети Никола му се посветени голем број на цркви под јуриздикција на Македонската православна црква. Бидејќи 19 декември паѓа точно на половина од големиот божиќен пост, верниците припремаат исклучиво риба и друга посна храна на трпезата.
Тој е заштитник на морепловците, трговците, стрелците, децата и студентите низ целиот христијански свет – како на истокот така и на западот.
Христијаните веруваат дека Свети Никола е чудотворец и дека многу чуда се случуваат крај неговите мошти од кои непрекинато излегува свето миро, од кое се лечат болните.
Овој светец спасувал изгубени бродови, па затоа се смета за заштитник на морепловците. Поради тоа морнарите често го повикуваат кога ќе се најдат во опасни ситуации или за време на бродолом.

Денеска, според традициите, никако не се пере облека, не се чисти по куќата и не се работат било какви домашни работи. Сепак, во некои краеви се задржал обичајот на овој ден да се прави посебен шарен колач кој се украсува со птици од тесто. Него свештениците обавезно го осветувааат и прелеваат со вино, па навечер тој се дели на децата кои треба да го изедат седејќи на дрво, со цел наредната година да биде здрава и весела.
Во некои краеви сеуште се одржува и обичајот на дарување на децата на денешниот празник затоа што Свети Никола е и нивен заштитник. Затоа, ако вашите малечки биле добри, израдувајте ги со некоја ситница – нив ќе ги израдувате, вам ќе ви биде убаво, а народот вели – се тоа вреди.