На граничниот премин Богородица врие од гужва, подолго задржување

885

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од РМ, времето на чекање е околу 30 минути, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Оттаму посочуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат и оти на сила е забраната за тешки товарни возила на државните патишта во Република Македонија.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Република Македонија се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17:00 до 22:00 часот, во сабота од 09:00 до 18:00 часот и во недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.