Мендеш ја откри вистината за Роналдо

410

Информацијата дека Кристијано Роналдо ќе си замине од редовите на Реал (М) и ќе го облече дресот на Јувентус, е главна тема во сите фудбалски медиуми, кои најпосле го добија и мислењето на неговиот агент Жорге Мендеш.

Пред неколку дена, најпознатиот спортски весник во Шпанија, “Марка”, ја пласираше информацијата дека “кралскиот клуб” ја има прифатено понудата вредна 100 мил. евра и дека португалскиот интернационалец се сели во Торино.

Интересно, раководните лица на двата клуба официјално не ја потврдија оваа информација, ниту пак ја демантираа. Затоа португалскиот весник “Рекорд” оствари контакт со менаџерот на најдобриот фудбалер на денешницата, Жорге Мендеш, кој даде одговор на најважното прашање, дали Роналдо ќе направи трансфер во редовите на калчо гигантот.

  • Ако Роналдо донесе одлука за промена на клупската средина, тој вечно ќе му биде благодарен на Реал (М), на претседателот и на навивачите. Ако се случи тој трансфер, тогаш Кристијано ќе ја продолжи својата фантастична кариера во еден голем клуб, изјави Мендеш.

Петкратниот освојувач на “Златна топка” веќе 9 години го носи дресот на Реал (М), откако пристигна од редовите на Манчестер јунајтед.