Циклонот Циаран ја погоди Италија и однесе најмалку три животи. Три лица загинаа во поплавите што вчера ја погодија Тоскана. 85-годишниот Алфио Чиолини од Монтемурло починал во својот дом откако поројот влегол во неговата куќа. Наводно, Чиолини не можел да стигне до горниот кат бидејќи нивото на водата нагло се зголемило.
Маж загина и во Росињан, кога водата влегла во домот за стари лица и го поплавила објектот. Спасени се 22 станари од домот, но до повозрасниот маж помошта стигнала предоцна. Градоначалникот на Росињано, Даниеле Донати изјави дека се уште не е јасно дали старецот починал како последица од поплава или од природни причини, пишува „La Nazione“.
Уште едно лице е пронајдено мртво во Монтемурло. Станува збор за 84-годишна жена на која и се слошило додека вадела вода од својата куќа со лопата. Дожд и силен ветер се предвидува да се движат кон јужните региони на Италија, објави агенцијата за цивилна заштита на земјата.