На денешен ден „црната мамба“ замина во легендите и вечноста – интересни факти за него кои можеби не сте ги знаеле

59

На денешен ден 2020 година светот го потресе веста за смртта на еден од најдобрите светски кошаркари – Коби Брајант.

Спортскиот свет остана запрепастен во недела, 26 јануари 2020 година, кога беше објавена веста дека Брајант загина во падот на хеликоптерот, а во несреќата настрада и неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седумте патници во Калабасас, западно од Лос Анџелес.

Поради пандемијата на коронавирусот навивачите не можеа да се соберат пред Стејплс Центарот како што тоа го направија по неговата смрт.

Тие тогаш оставаа цвеќиња, фотографии и палеа свеќи пред салата, а оттогаш ширум САД нацртани беа 321 мурали со ликот на Коби Брајант.

Трагично починатиот легендарен кошаркар на Лејкерс, Коби Брајат, е првиот играч во чија чест се повлечени два броја, а бројките кои што се поврзуваат за неговата кариера се повеќе и од импресивни.

Што знаеме за несреќата?

Од канцеларијата на шерифот од округот на Лос Анџелес соопштија дека девет луѓе загинаа во несреќата и дека нема преживеани.

Од градот Калабасас на Твитер соопштија дека „со голема тага ја примија веста за хеликоптерската несреќа во која што почина Коби Брајант“.

„Леталото падна во поле, во околу 10 часот наутро“.

Во негова чест, порталот „Clutchpoints“ издвои седум интересни работи кои што можеби не сте ги знаеле:

1. Во текот на кариерата Брајант натпревар со 40+ поени одиграл против секоја од екипите во лигата.

2. Натпреварот во кој што постигна 81 поен (Лејкерс вкупно постигна 122 поени) е најголем процент кој што некој играч го имал – во вкупен број постигнати поени за своја екипа (66 отсто) и најголем процент на еден играч од вкупен број поени на натпревари (36 отсто).

3. Тој е единствениот играч во последните 50 години кој што споил четири натпревари со 50+ поени.

4. Сè уште е најмладиот играч кој што стигна до 30, 31, 32 и 33 илјади поени.

5. Го држи рекордот на Лејкерс по бројот на натпревари со 60+, 50+, 40+, 20+ и 10+ поени.

6. Коби е единствениот играч во историјата на лигата кој што постигнал 600 „плејоф“ поени три сезони по ред.

7. По доаѓањето на Брајант во лигата, 57 играчи постигнале над 50 поени на натпревар, но само тројца успеале тоа да го направат повеќе од 10 пати.