МЗШВ: Се очекува целосно повлекување на одлуката на Косово

147

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека разговорите кои Владата и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод.

„Приштина, веќе ја повлече зголемената царина за дел од производите. Утре, министерот за економија Крешник Бектеши, ќе се сретне со неговите колеги во Косово каде ќе се бара решение и надминување на проблемот. Сите досегашни преговори, ни даваат за право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент, Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контра – мерки. По утрешниот состанок ќе имаме и многу повеќе детали за наредните чекори“, соопшти МЗШВ.

Од Министерството додаваат дека приоритетна цел за нив во моментов останува утврдување на начините за заштита на земјоделците.

loading...