Од украинската амбасада во Техеран го појаснија соопштението кое беше објавено утринава, а во кое веднаш беше отфрлена можноста за терористички напад или удар од ракета.
Во новото соопштение, од амбасадата појаснија дека причините поради кои се сруши авионот „Боинг 737“ на украинската авиокомпанија Ukraine International Airlines со 176 патници и членови на екипажот и натаму се истражуваат. Од амбасадата порачаа дека првичните информации за падот на авионот не биле официјални.
Да потсетиме, утринава од украинската амбасада објавија дека авионот се срушил поради дефект на моторот и нагласија дека не станува збор за тероризам.

Инаку, двете црни кутии на авионот биле пронајдени на местото на падот, па сега останува истражителите да ги утврдат причините за авионската несреќа.
Не пропуштајте: Се појави видео од падот на украинскиот авион: На небото се појави огнена топка, а потоа…
Украинскиот министер за надворешни работи, Вадим Пристаико изјави дека во авионот кој се сруши набрзо по полетувањето од аеродромот Имам Хомеини во Техеран загинале 82 Иранци и 63 Канаѓани. Во авионот имало и 11 Украинци, меѓу кои и 9 членови на екипажот, потоа десетмина патници од Шведска, четворица од Авганистан, тројца од Германија и тројца од Велика Британија.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека се утврдуваат сите околности од несреќата: „Мое искрено сочувство до семејствата и пријателите на патниците и екипажот“.
Патничкиот авион „Боинг 737“ на украинската авиокомпанија Ukraine International Airlines кој леташе од Техеран кон Киев бил стар само три години.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



