Претседателот на Градски комитет при ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски утринава гостуваше во емисија на Алфа телевизија при што посочи дека Темелковски и Шилегов сакаат во Кисела Вода да населат еден град во големина на Неготино.
„Во Расадник во овој момент има 32 хектари зелена површина, од кои што 40% се на државата, а 60% се на приватни сопственици. Значи околу 14 хектари имаме државни. За жал во предвидениот ДУП кој што сака Филип Темелковски и СДСМ да го донесе во Кисела Вода, површината која што ќе остане државна под тој ДУП е само 10%, додека пак приватната површина се зголемува за 90%. Она кое што е уште пострашно е тоа што во овој генерален урбанистички план кој што се говори предвидено е на таа површина таму да има околу 260.000 метри квадратни, површина за домување“, истакна Нелоски.
Нелоски додаде дека во новиот ДУП површината која што е предвидена е 940.000 метри квадратни површина за домување. Односно неколкукратно се зголемува површината и квадратурата на станови кои што ги предвидува таму градоначалникот на Кисела Вода. А, со тоа ќе се де факто создадат нехумани услови за живеење.
„Филип Темелковски и Петре Шилегов сакаат во Кисела Вода да населат еден град во големина на Неготино. Односно доколку помине тој ДУП кој што јас се надевам дека нема да помине и дека граѓаните од Расадник и Кисела Вода ќе се изборат тој ДУП да не помине. Во овој момент според ГУП-от максимален број на жители е 8.000, а предвидено е тој да се зголеми на 29.000 жители. Односно 21.000 повеќе од предвиденото во ГУП“, нагласи Нелоски.
Нелоски посочи дека Темелковски и Шилегов Неготино ќе го пренесат сред Кисела Вода и Расадник.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















