МВР алармира: Внимавајте ако продавате автомобили, ова е најчестата измама

615

Граѓаните да бидат внимателни кога продаваат автомобили бидејќи се зачестени појавите на измама, предупредува МВР.

Според информациите што ги споделува полицијата, измамите се вршат на тој начин што измамниците склучуваат нотарски договори без да му дадат пари на продавачот на возилото и притоа користат повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето.

„Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист“,

велат од МВР.

Оттаму додаваат дека преземаат засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелираат и до граѓаните да бидат внимателни и да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите.