Мурињо со посебно обраќање до „Доктор Клоп“ за победата над Барселона

1146

Ливерпул синоќа на сензационален начин ја сруши Барселона во пеколна атмосфера на „Енфилд Роуд“.

Скоро никој и да не се надеваше на ваков резултат, поготово ако се види дека Барселона имаше предност од првиот меч со 3:0.

Но уште еднаш се покажа дека и во големите натпреварувања, голема разлика немора да значи ништо, битно е да имате мотив и жестока публика зад себе.

За фантастичната победа на Ливерпул, Жозе Мурињо синоќа во изјава го испофали Јирген Клоп, нарекувајки го победник.

Не очекував искрено, но реков дека ништо не е невозможно. Енфилд е едно од оние места каде ништо не е невозможно. Но морам да потенцирам, ова е победа само на Јирген Клоп, тоа е лично негова тактика, не се работи за филозофијата, ова е од срце и душа, победа која оди директно на сметка на Клоп“, нагласи Португалецот.