Модриќ во името на Реал проговори за горчливата тема со Роналдо

210

Реал Мадрид иако три пати беше шампион во ЛШ, нешто кое не му успеало на ниту еден тим во ова натпреварување, сепак оваа сезона работите не им одат во посакуваниот правец.

Реал два пати во 5 дена беше поразен во Мадрид од Барселона, што укажува на една мини криза во редовите на европскиот шампион.

Повеќе од евидентно дека на Реал оваа сезона им недостасува тврда струја (Роналдо), но тоа ретко кој го признава од редовите на Реал Мадрид, па Модриќ прокоментира за недостатокот по заминувањето на Португалецот.

Роналдо е играч кој би недостасувал во било која екипа во светот, тешко е да се надополни неговото отсуство. Клубот се обиде да го распореди неговиот учинок меѓу актуелните играчи на Реал во нападот, но тоа не е баш лесно. Тој постигнуваше по 50 голови во сезона“.

„Ги имаме Бејл, Асенсио, Бензема, Маријано, тука е и Винисиус кој ќе биде добар за некоја година, но не функционира секогаш според планот. Немаме друго решение, мора да продолжиме без Роналдо. Тој не е тука, но не можеме да плачеме, мора да продолжиме да работиме“, порача Модриќ.