Прегазен малолетник во Чаир, пренесен на Клиники со тешки повреди

69

Малолетник е тешко повреден во несреќата што се случила вчеравечер во 19.25 часот на крстосницата од ул.„Македонско Косовска Бригада“ со ул.„Џон Кенеди“ и ул.„362“ во Скопје.

Како што соопштува МВР, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.