Многумина коментираат дека Миа Костова и Тамара Тодевска неодоливо потсетуваат една на друга, а тие сега се облекоа исто и позираа една до друга

487

Поранешната ТВ водителка Миа Костова, а сега успешна инфлуенсерка, оправдано е една од најактивните корисници на социјалната мрежа Инстаграм, се разбира поради она што го работи.

Поради таа причина, Миа е во постојан контакт со своите бројни следбеници, а вчеравечер уште еднаш им одговараше на поставените прашања, а огговорите беа дополнети со соодветна фотографија од нејзиниот живот.

Меѓу многуте такви прашања и одговори со фотографија се најде и една молба од следбеник, за Миа да сподели заедничка фотка со пејачката Тамара Тодевска.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

На Миа не и требаше многу време за да ја најде, бидејќи Тамара неодамна и беше на гости.

Досега многупати се појавиле коментари дека неодоливо потсетуваат една на друга, а особено пак кога носат слична гардероба.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Инаку, Миа и Тамара се добри пријатели и секоја прилика ја користат за дружба и создавање на убави спомени.