Го изневерувала сопругот со неговиoт најдобар пријател, а сега за фудбалерот вели: „Имаме односи по 12 пати на ден, а секоја вечер“

955

Аргентинската старлета и медиумска личност Ванда Нара, никогаш не се срамела отворено да разговара за своите сексуални активности и да се фали со своите разголени фотографии, но неодамна раскажала сочен трач за тоа дека со сопругот Мауро Икарди кој што моментално игра за ПСЖ, има односи и по 12 пати на ден.

Овие тврдења ги изнел поранешниот бек на репрезентацијата на Италија, Даниел Адани во текот на гостување во емисијата „Twitch“ кај сонародникот и познаник од светот на фудбалот.

Така откриле дека Икарди и Ванда понекогаш завршуваат во кревет и по 12 пати на ден.

Ова не е првпат интимните детали од контроверзниот пар да завршат во јанвоста, поради тоа што 34-годишната старлета своевремено признала дека секоја вечер нејзиниот сопруг орално го задоволува.

Инаку, минатата година откако тренерот на Интер Антонио Конте побарал неговите играчи да имаат помалку сексуални односи, новинарите од Нара побарале да го прокоментира тоа, со оглед на тоа што Икарди уште тогаш бил дел од таа екипа.

„Не знам што да кажам. Треба некогаш да пробаме пред натпревар, но тој е професионален и никогаш ништо не прави пред натпревар. Само по истиот и тоа доколку натпреварот заврши како што треба. Доколку изгуби, тој не ме ни погледнува“, признала русокосата.

Ванда се прославила како дел од скандалозната љубовна тројка која што сама ја исценирала. Имено, таа го запознала фудбалерот преку поранешниот сопруг Макси Лопез, а двајцата биле добри пријатели, но и колеги од репрезентацијата на Аргентина.

Таа во одреден момент го завршила бракот со Лопез со кој што има три деца, па влегла во љубовна авантура со Мауро. Набрзо потоа госпоѓа Лопез станала госпоѓа Икарди, а потоа го заработи епитетот на „најозлогласена прељубничка на планетата“.