Меѓународната финансиска институција предупреди дека во 2021 година глобалниот долг ќе достигне 100 проценти од БДП
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) побара од најразвиените земји во светот да преземат уште чекори со кои ќе го намалат притисокот врз сиромашните земји, кои имаат долгови кон нив, а поради пандемијата не се во можност да ги исполнат обврските.
Шефицата на ММФ Кристалина Георгиева, ја поздраvи одлуката на членките на Г-20 да ја продолжат суспензијата за отплата на долговите во билатералните договори за нови шест месеци како помош за сиромашните земји во услови на пандемија, но посочи дека е потребно уште поенергично дејствување.
„Купуваме малку време, но мора да се соочиме со реалноста дека е потребна многу порешителна акција“,
рече Георгиена на состанокот на Групата 30 поранешни политичари и економски експерти.
Таа предупреди дека во 2021 година глобалниот долг ќе достигне 100 проценти од БДП.
Британските медиуми анализираат дека изјавата на Георгиева доаѓа во време на зголемена загриженост за драстичниот скок на нивото на долг, особено во неразвиените земји и земјите со среден приход, кои се сериозно погодени од епидемијата на коронавирусот, намалувајќи ги приходите од туризам и, во некои случаи, од нафтата, поради падот наа нејзината цена.




![[ВИДЕО] Акција во Инџиково од 5 часот наутро: Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/AjPAL-divogradba-indzikovo-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Руски генерал убиен во Москва](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/3W5xK-moskva-1-logo-federalna-sluzba-za-bezbednost-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Украинците погодиле танкер во руски град: Има загинати](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/mWes0-138df032-8c52-4d59-a721-5c23273e570f-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)

















