Елена Ристеска: „Жално е што моите емоции ги скверневат за лајкови!“

61

Пејачката Елена Ристеска деновиве беше гостинка во студиото на „Репортер“. Во рамки на интервјуто пејачката зборуваше за својата козметичка линија, „ЕРА“, како и за фактот дека е прва јавна личност од домашната јавна сцена која има парфеми со свој потпис.

„Кога ја почнав приказната со козметичката линија сфатив дека, освен пари и време, не можам да изгубам ништо. Парите ќе ги заработам пак, а потрошеното времето може да ми донесе ново искуство, рече Елена и се наврати две години наназад, кога решила идејата за лансирањето на „ЕРА“ да ја претвори во реалност.

Потоа се осврна и на последните наслови кои осамнаа во медиумите поврзани со нејзината изјава дека размислува да посвои дете, а дел од нив дури беа извадени и од контекст и преформулирани на погрешен начин.

„Ние каква режисерка нација сме, тоа е чудо. Да се искористи моја фотографија каде што низ солзи зборувам за мојот покоен татко и да се залепи на изјава во која велам дека имам желба да посвојам дете, па зарем тоа не е грев?“, реторички потенцираше Ристеска.

Во разговорот откри и детали од снимањето на рекламата за „ЕРА“ во Мајами, прозборе за односот со внуката Делфина, за времето поминато со семејството, љубовта, музиката…

Целото интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение: