„Млади за Македонија“ најавува протест против промена на името

834

Неформалната организација со име „Млади за Македонија“ најавува протест против промената на името. „Доста спиевме, Северна не дозволуваме“, стои во повикот за протестот, најавен за 23 јуни пред Собранието.

„Ние студентите нема да дозволиме промена на нашето име и идентитет и по секоја цена ќе го одбраниме нашето име Македонија и ќе останеме Македонци! Ние не сме граѓани на Северна Македонија ниту, пак, нашата татковина се вика северна провинција. Оваа битка за нас студентите е света битка како битката на последниот Мохиканец – ова е битка за опстанокот на нашиот македонски народ! Или ќе победиме и ќе опстанеме или ќе изумреме ние, со нашите неродени внуци и правнуци“, пишуваат од организацијата на „Фејсбук“.