Со Вице Заев немаме заеднички бизниси, вели Митко Јанчев во емисијата Во Центар. Таа фотографија која се врти по социјалните мрежи, каде сум јас на иста маса со Вице Заев и неговите пријатели е настаната сосема случајно, вели тој.
Тој ден јас станав Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и со Вице Заев случајно бевме во ист хотел во Банско. Ги почастив една пијачка и таа фотографија потоа беше објавена на фејсбук. Од таму се сите приказни. Тоа е 2018 година или еден месец по конгресот во Валандово кога Христијан Мицкоски стана лидер на ВМРО ДПМНЕ.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















