Мисијата е завршена! ХЕРОЈОТ Јане го прими лекот кој толку долго го чекаше (ФОТО)

741
Инаку Јане боледува од спинална мускулна атрофија.

По многуте битки, чекање и неизвесност, десеттодишниот херој Јане Велковски конечно го прими долгоочекуваниот лек „Спинраза“.

Малиот Јане на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира со лекот, а како коментар на фотката напиша: „Мисијата е завршена“.

За Јане инаку слушна и дозна целата светска јавност, особено тој стана миленик на многу познати фудбалски имиња кои безрезервно го поддржуваа во битката да го добие потребниот лек.

Неодамна Јане во Њујорк учествуваше на отвореното собрание на УНИЦЕФ во ООН, каде зборуваше за првата на неговите другари со истата судбина.

Малиот херој во таа прилика го запозна и разговараше со еден од најпознатите фудбалери на сите времиња –  Дејвид Бекам.