Мишел Обама во разговор за својот подкаст ја открила тајната за долготраен брак.
Таа и Барак од 2009-та до 2017-та година беа Првиот пар во САД. Откако нејзиниот сопруг повеќе не е претседател, Мишел е уште попозната и поомилена од претходно.
Таа од неодамна има и свој сопствен подкаст. Таму во разговор со Конан Обриен, ја открила тајната на својот долготраен брак.
„Имаше периоди кога сакав да го фрлам од прозорец Барак. Ова го велам затоа што треба да се знае дека чувствата можат да бидат силни. Но, тоа не значи дека сакате да фрлите сè“, објаснила таа.
„Важно е да не се предаваш штом ќе стане тешко во врската. Тешките фази можат долго да траат. Можат да траат со години“, објаснила поранешната Прва дама.
Денес многу парови не се спремни да работат на фазите во врската.
„Младите парови се наоѓаат покрај овие предизвици и се предаваат бидејќи мислат дека врската им е уништена“, објаснила Мишел и признала дека за време на врската со Барак имало ‘тешки периоди’.
Мишел објаснила дека е важно да имаме доволно време да ја запознаеме личноста во многу различни ситуации.
„Имено, да сретнеш некого со кого сè ти одговара, би било магија. Меѓутоа, важни се ‘основите’, односно, треба да бидете искрени и отворени, да се препуштите еден на друг и да видите каде води врската и што ќе се случи“.
Кога станува збор за навиките на помладите генерации, Мишел истакнува: „Не можеш да пронајдеш пат за долготрајна врска на Тиндер.“