Специјалниот медијатор Метју Нимиц по потпишувањето на договорот се обрати и нагласи дека денеска на неговиот роденден му е даден најголемиот подарок, односно по 24 години конечно решавање на македонско-грчкиот спор.
„Мојата работа е конечно завршена. Моите најблиски ме прашаа што да ми купат подарок за роденденот. Им реков денес не ми е потребно ништо, го добив најголемиот подарок – истакна Нимиц.
Тој додаде дека верува оти Договорот е во стратешки интерес на двете земји.
– Ми беше задоволство што бев медијатор и што сега можам да бидат сведок на потпишувањето на овој договор. Ми беше задоволство да соработувам со овие двајца министри, но и со сите претходно на овој долг и тежок процес разрешувајќи го овој проблем што долг период резултираше со една спогодба која е правична, чесна и спроведлива, тоа ќе биде успех не само за односите меѓу двете земји туку ќе служи и како приемр за регинот, дека два соседа ,можат да решат проблем ако се заложат за истиот, изјави Нимиц на церемонијата на потпишувањето.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















