Милан со три аргументи пред судот во Лозана

792

Раководството на Милан издвои три главни аргументи во жалбата поднесена до Спортскиот арбитражен суд во Лозана (CAS).

„Рсонерите“ беа исклучени од европските натпреварувања поради нарушување на финансискиот фер-плеј.

Според „Газета дел спорт“, Милан се осврнува на три моменти кои се во негова корист.

Прво, раководството на клубот тврди дека долговите се формирани под претходното раководство на Силвио Берлускони, а сегашните шефови не треба да бидат одговорни за постапките на нивните претходници.

Второ, Милан укажува на примери кога на други клубови им беше дозволено да потпишат договор со УЕФА за регулирање на финансиите и при тоа беа избегнати санкции.

Трето, Милан е подготвен да обезбеди бизнис план и стратегија за надминување на кризата.

Клубот се надева дека Судот ќе ја укине барем суспензијата за настап во евро-куповите ако се прикажат финансиски резултати.