Милан е крајно решен да не го продава Кжиштоф Пјонтек за никаква голема сума на пари.
Полскиот интернационалец кој во Милан пристигна од Џенова во трансфер вреден 35 милиони евра, почна да го исплаќа кредитот вложен од страна на „Росонерите“.
Тој беше клучен играч на Милан во вториот дел од сезоната и ги оправда очекувањата. Со добрите игри, веднаш почнаа очекувањата и шпекулациите дека до Милан пристигнале големи понуди за овој играч.
Но Милан ни под разно нема да го продава овој вреден играч, а тоа е воедно и порака до евентуалните инвеститори.
Клубот од Сан Сиро завзел став дека дури и да добијат двојна понуда од она што го купија (70 милиони евра), Пјонтек нема да биде на продажба.