Актерката Мила Кунис изјавила за „Космополитен“ дека е вознемирена поради лажните гласини за развод од нејзиниот сопруг и колега од ТВ серијата „Луди 70-ти“, Ештон Качер.
– Не читам ништо за себеси. Не знам што точно пишуваат, но јас сега барем еднаш годишно „сум бремена“ и барем двапати годишно „се разведувам“ и „завршувам в болница“. Никој не ги разбира непријатностите што сето тоа ги предизвикува во моето семејство, вели актерката.
Кунис и Качер ги имаат тригодишната Вајат и едногодишниот Димитри, па лажните вести за бременост секогаш предизвикуваат мешани чувства, барем кај нејзиниот татко, истакнува таа.
– Татко ми секогаш се надева дека тоа е вистина, и постојано прашува „навистина ли ќе има уште едно?“, додава Кунис







![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)







![[ВИДЕО] Апокалиптично невреме: „Бајрон“ ја поплави Грција](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/ZE6Qc-5-218x150.png)




![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)



















