Мицковски: Јас како еден од вас ќе го користам правото да протестирам против уставни промени и промена на името!

899

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на протест пред Собранието. Како што кажа на пресконференцијата пред Собранието, промените ќе ги гласаат 80 пратеници кои дел од нив се уценети и поткупени, а не народот и затоа се нелигитимни уставните промени.

Тој додаде дека ќе го искористи своето право и ќе протестира заедно со граѓаните пред Собрание.