Поранешната девојка на Роналдо се огласи за обвиненијата за сексуално насилство: “Тој е психопат, ми се закануваше со смрт”

0
74

Откако неколку жени го обвинија Кристијано Роналдо за силување, се јави и неговата поранешна девојка која фудбалската ѕвезда го нарече психопат и најави дека ќe го открие вистинскиот Кристијано.

Манекенката Џезмин Ленард со Роналдо беше во врска пред 10 години, но тврди дека последните 18 месеци повторно била во контакт со него.

На Твитер ја повика Кетрин Мајорга, жената која тврди дека Роналдо ја силувал пред девет години, да ја контактира со цел нејзините адвокати да ѝ понудат помош во докажување на обвиненијата.

“Никој не знае каков е тој всушност. Кога би знаеле барем половина од тоа, би останале згрозени. Не можам повеќе да молчам и да слушам како лаже”, ја започна Џезмин својата приказна за која вели дека има докази.
“Имам стотина негови пораки во кои се смее додека зборува како психички ја злоставува мајката на своите деца и се однесува како ѓубре кон неа. Пораки за тоа како ја изневерува и ги опишува своите сексуални освојувања, приказни слични како на Мајорка. Длабоки разговори во кои признава дека има сериозни психички прблеми и каде ги открива сите лаги околу своите деца и нивните мајки. Тој е насилник и лажго. Неговиот живот е лага. Еб*н психопат”, пишува Џезмин.

“Ми рече дека ќе ме киднапира, исече на парчиња, ќе ме стави во вреќа и ќе ме фрли во река доколку сум со некој друг. Психопат”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here