(Видео) Лила Филиповска дала 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за 1ТВ

334

„Не сме скарани, но не сме повеќе пријатели со Боки 13”. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет”.

„Го познавам од неговата 15-та година. Бевме пријатели, па бевме скарани некое време па се смиривме пред некое време. Сега не сме скарани, но не сме пријатели”, рече таа.

Филиповска вели дека дала донација за 1ТВ од 25 илјади евра.

„Сакав да помогнам”, рече таа на сведочењето во кривичниот суд во Скопје.

Дополнително, Филиповска дала околу 500.000 денари позајмица на БМЈ Медиа груп, фирмата сопственик на 1ТВ. Филиповска рече дека никогаш не примила пари од оваа фирма, единствено дала, бидејќи сакала да помогне на телевизијата.