ефанзивецот на Шпанија и Реал Мадрид, Серхио Рамос е убеден во успех по назначувањето на новиот тренер на репрезентацијата, Фернандо Јеро.
Искусниот Рамос зборуваше за медиумите пред мечот на „Фуријата“ против Португалија од групата Б на СП 2018 во Сочи. Јеро го замени Хулен Лоптеги, кој беше отпуштен поради преговори и таен договор со Реал Мадрид.
– Има многу малку луѓе кои се подобри од Фернандо Јеро по разделбата со Лопетеги. Тој беше неверојатен играч, на кого сме се восхитувале долго време. Не познава исклучително добро. Јеро беше еден од совршените кандидати за функцијата. Се надевам дека ова е составот со исти амбиции и соништа. Се надевам дека смената на тренерот нема да ни наштети на било кој начин, прокоментира Рамос.
Тој е сигурен дека активностите на Лопети ги загрижиле играчите на Шпанија неколку дена пред почетокот на светското првенство.
– Не беа пријатни времиња. Лопетеги беше дел од сето ова. Тој ни помогна да се пласираме. Шпанскиот тим е најважен, бидејќи нашето учество на СП 2018 се приближува. Треба да бидеме фокусирани. Многу малку нешта се поважни од националниот тим. Фудбалот ни дава лекции кога времињата се тешки. Треба да ја искористиме оваа можност за да станеме уште подобри. Должни сме да свртиме нова страница што е можно поскоро, рече уште Серхио Рамос.