Дигитални мерачи на брзина ќе бидат поставени во близина на пет средни училишта во Скопје. Целта е зголемување на свесноста на возачите и поголема безбедност во сообраќајот.
Град Скопје ги доби мерачите како донација од компанијата Сава осигурување ад Скопје. Донацијата на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ќе му ја предаде генералниот директор на Сава Осигурување ад Скопје, Петер Скварча.
Мерачите ќе бидат поставени кај гимназијата „Јосип Броз Тито“, медицнското училиште „Панче Караѓозов“, ГУЦ „Здравко Цветковски, хемиското „Марија Кири Склодовска“ и АСУЦ „Боро Петрушевски.





















![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)
![[ВИДЕО] „Потпишав договор на 250.000 евра месечно, татко ми не ми зборуваше една недела“: Бака Прасе откри колку заработува](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/02/OxJnT-chatgpt-image-feb-24-2026-11-22-39-am-218x150.png)










