ФОТО: Гори стан во една од трите убавици во Карпош 4

160

Околу 10.00 часот се запалил стан во една од зградите „близначки“ во населбата Карпош 4.

Според информациите на екипата на „Слободен печат“ од терен станува збор за стан на 16-ти кат, а неофицијално пожарот е предизвикан од плинска боца. Од запалениот стан пожарнирите со крајни маки успеале да го спасат сопственикот кој од терасата барал помош.

Голем дел од станарите се евакуирани од зградата, а пристигната и брза помош, која на возмирените станари им пружа соодветна медицинска нега.

Во зградата, поточно во станот на поткровјето се пробиваат 3 противпожарни екипи. Нивната бројност од минута во минута се зголемува, поради сложената пристапност на зградата, а на помош е повикана и екипа од базата во „Автокоманда“ од каде пристигна возило со високи скали за да може да се интервенира со шмрк доколку е потребно.

loading...